logo

Чиста и здрава средина – долг и квалитетен живот!

21 март – Денот на екологијата обележан со бројни активности.
Учениците, наставниците и родителите го искористија пролетното сонце за
собирање на отпадоци, чистење на училишниот двор и спортските терени,
хортикултурно уредување на дворот засадувајки цвеќе и садници.
Учениците од нашето училиште водени од мотото “Чиста и здрава средина – долг и
квалитетен живот“ секогаш се подготвени за ваков вид на акции, да делуваат во
будење на еколошката свест кај сите луѓе, со цел да се создадат поквалитетни
услови за живот за нив и генерациите што доаѓаат.

Категории Новости