logo

Отворен ден за Граѓанско образование

Учениците од Детската организација, организираа Отворен ден за Граѓанско образование на тема „Безбедноста на учениците во училиштето и непосредната околина“ при што преку ученичка иницијатива се обида да дадат нивно видување на проблемите поврзани со безбедноста на учениците во училиштето и неговата околина. При тоа на демократски начин сe обидoa да ги постигнат нивните цели.
На Отворен ден за Граѓанско образование претходеше истражување за безбедноста преку анкета, пишување на лични творби, ликовни творби.
Резултатите од анкетата ги искористија во самата дебата. Од самата дебада произлегоа согледувања и заклучоци кои подоцна со помош на одговорниот наставник, директорот, наставниците и други надлежни институции Ученичката организација ќе се обиде да ги преточи во реалност.

Категории Новости