logo

Обука за е-Твининг платформа!

На покана на нашето училиште, претставници од пријателското училиште „Дедо Иљо
Малешевски“ од Берово, во нашето училиште организираа обука за е-Твининг
платформа. Предавач на обуката беше Наташа Аврамска – директор на училиштето и
Славица Чавдарска амбасадор на е-Твининг платформата која ги упати наставниците
за предностите кои ги нуди оваа платформа при поврзување и споделување на
искуства со наставници и ученици од други држави. Оваа платформа е една од
многуте кои се користат во ЕРАЗМУС+ проекти и овозможува полесно пронаоѓање на
проектни партнери.
Соработката меѓу двете училишта успешно продолжува.
Голема благодарност до спроведувачите на обуката!

Категории Новости