logo

Заедничка грижа за правилно насочување на учениците!

Како дел од проектот “Заедничка грижа за правилно насочување на учениците” денес во училиштето родителот Доне Иванов во улога на наставник одржа час на тема “Планинарство – мелем на душата”
Учениците имаа можност да се запознаат со опремата, основите припреми за планинарење, каде и како да се планинари. Добија корисни совети дека планинарството релаксира и ослободува од стрес и го зајакнува организамот. Делува позитивно, ја подига самодовербата и овозможува нови познанства и искуства.
Изразуваме благодарност на родителот за одвоеното време а нашата соработка продолжува со заедничко планинарење во блиската околина.

Категории Новости