logo

Денес во организација на драмската секција на нашето училиште се одржа Форум
Театар, што има за цел да ја подигне свеста за важноста од превентивно
дејствување кога станува збор за меѓуврсничко насилство.
Нашето училиште е партнер на Првата детска амбасада Меѓаши во рамките на
проектот “Да ги земеме правата во наши раце”.
Сите активности кои ги спроведуваме се во насока на заштита на децата и нивните
права, подигнување на свеста за различни форми на насилство и превенција на
истото, како и зајакнување на родителските капацитети.
После театарот се одржа и тркалезна маса на тема “Превенција од насилство”.

Категории Новости