Пред две години заедно со “Ротари клуб Кочани – Виница“ си поставивме една благородна цел.
Мисијата беше да направиме проект кој ќе биде гордост за училиштето, гордост за клубот, проект кој ќе биде гордост за нашата средина во која живееме.
Инвестирањето во децата, во нивното образование е она кое секој од нас треба да го носи во себе и да даде свој личен придонес кон реализацијата.
Соработката со Рoтари клубот продолжува и во иднина со нови проекти!!!