logo

Драмска секција

Драмската секција во нашето училиште функционира со години наназад. Да се биде дел од оваа секција е големо задоволство, пред сè поради позитивната енергија и еланот на учениците коишто учествуваат во неа. Преку активностите на драмската секција, учениците се запознаваат со другите ученици, но и со самите себе: стануват самокритични и поупорни во постигнувањето на зададената цел, се опуштаат на сцената, се доживуваат себеси поинаку кога се во чевлите на другиот, ја негуваат љубовта кон глумата и театарот и стекнатите искуства од дружењето и работата во оваа секција ги користат и во другите сфери на животот.
Силниот аплауз, честитките и критиките од публиката ни се мотив и поттик за понатамошна работа и уште поголеми успеси во иднина.