logo

Сајбер насилство – актуелна тема!!!

Во пoследните неколку години, се почесто  е присутно  Cyberbullyng (електронско насилство) иако пријавувањето од страна на децата до родителите или во училиштето е навистина ретко. Поради таа причина во ОУ„Славчо Стојменски“ минатата година се презентираше едукативен филм на оваа тематика , пропратен со дискусија на учениците од VII и VIII одд. во присуство на стручната служба од училиштето и претставник од  Полициска станица во Виница.
Со слични активности  се продолжи и понатаму со цел заштита на учениците од Cyberbullyng. Освен неколку работилници, во почетокот на оваа година се реализираше  предавање на тема безбедност на интернет во VI и VII одд.од страна на наставникот по информатика со подршка и присуство на претставник од полициска станица.

Оваа учебна година училишните активности во врска со сајбер насилството се заокружија со предавање за 20 наставници, стручни соработници и 10 родители. Предавањето се одржа на 12.06.2019г. на тема:

„Психолошкото влијание на сајбер насилството врз децата и нивниот развој“ предавач: проф. д-р. Тања Милошевска.

Активностите ќе продолжат и наредната учебна година, како во врска со сајбер насилството така и со превенција од сите видови на насилства кои може да се јават во училишна средина.

Категории Новости