logo

Отварање на училишна спортска сала

Реакциите кај децата и моментите на среќа и радост кои тие возбудено ги споделуваа меѓу себе беа највалидниот репер и потврда за успешната финализација на еден значаен проект за општина Виница, а посебно за младите генерации, отварањето на спортската сала во нашето училиште. Спортската сала во ОУ “Славчо Стојменски“ ги отвари вратите за спортски предизвици на 600 ученици кои учат во ова училиште, но е на располагање за тренинзи и училишни натпревари на сите ученици во градот. Отварањето на новата спортска сала внесува нов позитивен момент во секојдневието на учениците, младите и рекреативците во општината. Нека ни е со среќа и нека овие заеднички моменти на среќа остават убави траги во нашите мисли и срце.

Категории Новости