logo

Интеркултурно учење со учениците од прво одделение

Денес се одржа третата работилница од воннаставните ученички активности за интеркултурно учење со учениците од прво одделение
Во рамките на проектот„Инклузија на деца што се надвор од училиштата во образовниот систем„ имплементиран од МЦГО и МОН а поддржан од Детска фондација Песталоци, се релизира програма за поддршка на воннаставни ученички активности за интеркултурно учење со сите ученици од прво одделение. Се одржа третата средба на која присуствуваа и родители. Цел на организирање на воннаставните ученички активности за интеркултурно учење е да:
– Креираат позитивна атмосфера во која учениците кои доаѓаат од различни етнички/социјални средини комуницираат, соработуваат и развиваат чувство на почит, доверба и меѓусебно прифаќање;
– Поттикнуваат активно учество на сите вклучени ученици;
– Се охрабрува дискусија каде учениците ќе може слободно да ги споделуваат своите идеи, искуства, размислувања и чувства;
– Се цели кон јакнење на самодовербата и личниот идентитет кај учениците;
– Поттикнување групна работа која ќе создаде заеднички финален продукт.

Категории Новости