logo

Мисија и Визија

МИСИЈА И ВИЗИЈА

МИСИЈА НА УЧИЛИШТЕТО
Нашето училиште го унапредува и развива емоционалното и физичкото здравје и меѓуетничката интеграција, овозможувајќи индивидуален развој на секој поединец без разлика на националната припадност, почитувајќи ги оригиналностите и различностите, јакнејќи ја довербата и соработката помеѓу учениците, наставниците и родителите.

МОТО:
Со заедничка и тимска работа до високи квалитети и стандарди.
Слогани:
• Што ќе научиш – ќе знаеш.
• Почитувај, да те почитуваат.
• Само оној кој може да го почувствува патот до душата на детето, може и да го воспитува.
• Најважно е учениците да се научат да мислат.
• Нема ништо полошо од добар совет проследен со лош пример.
• Училиште за сите.

ВИЗИЈАТА НА УЧИЛИШТЕТО
Училиште во кое ќе се стекнуваат разновидни знаења со висок квалитет според индивидуалните можности на учениците од различна етничка припадност кои ќе доаѓаат на училиште редовно и со задоволство, со родителите ќе се воспостави партнерски однос и соработка, и континуиран развој на наставниот кадар и квалитетна настава базирана на современа методологија и мултикултура.

Развојни цели:
• Подигање на квалитетот на наставата на повисоко ниво што ќе овозможи максимално остварување на целите на наставата и зголемување на постигањата на учениците и остварување на повисоки резултати;
• Постојано стручно усовршување како и воспоставување внатрешен систем за перманентно стручно усовршување на воспитно-образовниот кадар;
• Унапредување на оценувањето во училиштето преку примена на стандарди и критериуми за оценување, примена на современи методи за оценување и градење училишни стандарди.
• Градење на реален систем за следење, анализирање и унапредување на постигањата во училиштето. Оформување портфолија за ученици и наставници.
• Создавање позитивна клима и услови за учество на родителите во развојот на училиштето, јакнење на меѓуетничките односи и мултикултурализам.
• Отвореност и транспарентност кон локалната средина.