logo

Директор

Горан Иванов дипломиран професор по одделенска настава, директор на ООУ„ Славчо Стојменски“

Добредојдовте на веб страната на училиштето „Славчо Стојменски“

Во последната деценија на минатиот век и почетокот на овој, крупните општествено-економски промени наметнаа мноштво нови погледи, пристапи, однесувања. Се јави потребата за стекнување на нови знаења и вештини, а тоа пак од своја страна наметна потреба за користење на современа образовна технологија, за воспоставување на квалитативно нови односи помеѓу учениците во воспитно-образовниот процес, како и нова организациска поставеност во училиштето. Oд друга страна пак остана потребата да се задржи сето она што претходно се применувало и останало како трајна вредност во процесот на создавање на квалитетни знаења и умеења кај ученикот.
Да се биде директор на ООУ„Славчо Стојменски“ е голема гордост но и одговорност. Со оглед на фактот дека образованието е едно од најперспективните подрачја во животот, мојот стремеж како директор е да создадам услови училиштето да се вклопи во современите светски трендови, на нашите ученици да им овозможам да се образуваат по најсовремените светски програми и методи. Брзиот развој на светот во целина, јасно кажува дека треба да имаме училиште кое новозапишаните ученици ќе ги подготвува за светот “утре”, а не за светот “денес”.
Како човек кој се труди да ги следи промените во светот на науката, во улога на директор би сакал во нашето училиште да негуваме клима во која ученикот ќе се стекнува со квалитетни знаење, ќе учи како да ги применува стекнатите знаења, но пред се ќе научи како да “учи”.
Училиштето е специфична работна средина, каде што продуктот не е предмет, не е дизајн, не е интересно пакување. Продуктот е нешто во што треба да се вгради многу трпение, знаење, вештина, расположение.
Во училиштето се применува модерна дидактика, фокусирана подеднакво на изучување на природно – математичката група предмети, општествените предмети, јазиците, со еден збор се што е во функција на основното образование.
· Училиштето максимално ги искористува поволностите што ги овозможува компјутерската опрема, интернетот и настојува истата да ја надградува и осовременува.
· Во училиштето се запишуваат и учат ученици кои што стекнуваат знаења и вештини за да можат со успех да го продолжат своето понатамошното образование.
· Основната дејност на училиштето е наставата, воспитувањето и згрижувањето на околу 600 ученици.
· Училиштето функционира во временски рамки прилагодени на потребите на учениците и очекувањата на родителите.
· Училиштето има богата понуда на дополнителни активности во функција на подобрување на квалитетот и степенот на знаења на учениците, но и во функција на подобрување на односот и соработката на релација ученик – ученик, ученик – наставник, наставник – наставник.
· Учениците имаат можност да избираат активности според своите интереси од областа на спортот, уметноста, математиката, информатиката, творештвото, како и да учествуваат и освојуваат награди на натпревари, конкурси и разни манифестации.
· Наставниците се обучуваат за следење на современите трендови во образованието, во функција на создавање на силен и стручно подготвен наставен кадар.