logo

Училишен информатор

Училишен информатор

Општи податоци за училиштето
ООУ „Славчо Стојменски“, Виница, е лоцирано во централното градско подрачје, на ул. „Бел Камен“ бр.7 општина Виница. Училиштето е изградено во 1928 г. И е едно од најстарите училишта во државата. Името го добива по познатиот борец за слобода во втората светска војна кој потекнува од овој крај.
Во училиштето се организира и настава во две смени. За учениците од VI-IX редовниот наставен процес се одвива во прва смена а учениците од I – V редовниот наставен процес се одвива во втората смена. Редовната настава започнува во 07:00 часот.
Училишна исхрана
Во училиштето се организира појадок и ручек за учениците кои посетуваат редовна настава. Храната за овие ученици се подготвува во училишната кујна по прописите и упатствата за исхрана на Заводот за домаќинство. За квалитетот и исправноста на храната гарантира понудувачот , а тој е под редовен инспекциски надзор. Исхраната во училиштето е организирана по принципот на самофинансирање. Затоа, Ве молиме навремено да ги извршувате уплатите и тоа најдоцна до 10 во тековниот месец. Појадокот трае на првиот и вториот одмор, а ручекот на првиот и вториот одмор од втората смена.
Куќен ред на училиштето
– Учениците се должни да дојдат во училиште најдоцна 15 минути пред почетокот на наставта.
– Наставата се одвива од: 7.00 – 13.00 часот, за учениците од VI-IX одд. и од 13.00 – 19.00 часот, за ученици од I-V одд.
– Помеѓу третиот и четвртиот час учениците имаат голем одмор, кој се користи за ужина и релаксација, и се одвива во училишниот двор и училишната кујна. Доколку временските услови се неповолни, учениците остануваат во училиштето, почитувајќи го редот и мирот во истото.
– За време на одморот во училиштето има дежурни наставници кои се грижат за почитувањето на редот и безбедноста на учениците. А дежурства обавуваат и ученици од IX и V одделение.
– Во училиштето постои заради почитување на редот и мирот како и безбедноста на учениците, постојан видео-надзор.

Етички кодекс
Етички кодекс на однесување
– Учениците се должни да одржуваат ред и мир во училиштето, ходниците, училниците и во училишниот двор.
– Во училиште да доаѓаат редовно и навреме.
– Да не изостануваат од настава освен со оправдани причини.
– Изостаноците треба да се оправдаат со медицинска белешка, а во исклучителни околности со писмена изјава од родител, според .
– Почитувајте ги и поздравувајте ги наставниците и повозрасните.
– Бидете внимателни и активни на часовите.
– Редовно извршувајте ги училишните обврски.
– Барајте да бидете јавно оценувани и секогаш да ги знаете резултатите од својот труд.
– Активно учествувајте во секциите за слободни ученички активности кои ќе ги задоволат вашите желби и интереси.
– Бидете вредни – вашиот труд ќе биде награден.
– Редовно одржувајте ја личната хигиена.
– Редовно одржувајте ја хигиената во училиштето.
– Чувајте го училишниот мебел, не уништувајте ги ѕидовите, не пишувајте по нив.
– Отпадоците фрлајте ги во корпа која е наменета за тоа.
– Кога сте дежурни, подгответе чиста табла, сунѓер и креда.
– Проверете ја училницата за време на одморите.
– Разубавете ја вашата училница со ваши изработки, со слики и цвеќиња.
Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем
Главната цел на Програмата е успешно спроведување на теоријата во дневната пракса во воспитно-образовните институции со што би се влијаело на подигање на еколошката свест кај сегашните и идните генерации, на одржлив еколошки и финансиски развој и заштеди не само за училиштата, туку и на сите вклучени како што се општините, Министeрството за образование и пошироката јавност. За успешна реализација на Програмата која доведува до конкретни и мерливи резултати потребна е соработка и инволвирање на сите институции, невладини организации, медиуми и поединци кои се вклучени во воспитно- образовниот процес.
Примена на Икт-Информациски-комуникациска технологија во наставата?
Што сакаат наставниците да постигнат со примена на ИКТ во наставата?
– Да научат како да се движат низ www и интернет
– Да ги откријат безбројните ресурси корисни за секојдневната настава (да ги бараат, складираат, организираат и евалуираат информациите што ги наоѓаат)
– Да станат дел од глобалната заедница на едукатори кои комуницираат и соработуваат со помош на ИТ
– Да ја интегрираат технологијата во своите училници
– Да направат веб сајтови-лични, за својот предмет, за проектите кои ги работат
Што добиваат учениците со примена на ИКТ во наставата?
– Соработка со врсници од цел свет
– Размена на идеи и ставови
– Работа во група
– Социјални вештини
– Поврзување на своето знаење со реалниот свет
– Слобода да креираат, планираат, презентираат, дискутираат и да го бранат своето мислење и своите ставови
– Мотивација и интересна настава
– Кампањата „Сурфај безбедно“ треба да ја зајакне заштитата на децата од злоупотреби на интернет.
Училишни проекти
– Еколошка едукација;
– Меѓуетничка интеграција;
– Со читање до лидерство – USAID;
– Проект Нансен модел за интегрирано образование;
– Инклузија на деца со посебни потреби;
– „Save the children“ Меѓаши, детски права и различен пристап за работа со деца;

Ги одбележуваме:
-Одбележување на 8-ми септември, преку читање реферат на 7 септември во Училиштето во соработка со родител;
– МФФ – Истибанско здравоживо во септември во соработка со КДУ Китка;
-Одбележување на денот на учителот преку читање реферат на 5 октомври во училиштето;
-Ден на востанието на Република Македонија на 11 октомври – Актив историја;
-Манифестација Детска недела, првата недела во октомври;
– Одбележување на Св. “Климент Охридски“ преку читање реферат на 7 декември во -Училиштето во соработка со родител;
-Винички Тодорови трки;
-Маскембал за 1-ви април – Детска организација
-Сите на тркалца;
-Културно забавна манифестација по повод Ден на медот – Благовец 7 април во соработка на -Здружение на пчеларите „Матица“
-Одбележување на патрониот празник 21-22 мај;
-Одбележување 24 мај “Просветијада“
– Музички фестивал Мини плјебек шоу април/мај
-Театарски претстави 09-06 месец во соработка со Дом на култура;

Наставната година се одвива во рамките на 180 наставни денови. Зимскиот распуст за учениците, вообичаено се реализира во периодот од 31 декември до 19 јануари во согласност со календарот за учебната година, кој го потпишува Министерот за образование и наука.
Учениците ќе се придржуваат
– Да се залагаат за праведно и фер оценување на сите ученици и да се спротивстават на појави кои доведуваат до необјективно оценување.
– Да ги почитуваат барањата и договорените процедури во врска со оценувањето и да се информираат за последиците од нивното непочитување.
– Да се поставуваат неприфатливи барања во врска со оценувањето на нивните постигања.
– Да ги почитуваат советите на наставниците поврзани со оценувањето и учењето.
– Да не се служат со недозволени постапки во текот на презентирањето на бараните знаења и вештини и да одбегнуваат и да одбегнуваат да вршат какво било влијание непосредно или посредно со цел некој ученик да се здобие со повисока оценка од реално заслужената.
Родителите ќе се придржуваат
– Да го подржуваат учењето на своите деца преку залагање за објективно оценување.
– Да се воздржат од активности кои неоправдано би ги довеле нивните деца во привилегирана положба во оценувањето во однос на другите деца.
– Да ги почитуваат професионалните одлуки и совети на наставниците во врска со оценувањето на нивните деца.
– Кај своите деца – ученици да поттикнуваат чесност и праведност во врска со оценувањето на постигањата на учениците.
– Кај своите деца да ги препознаваат и спречуваат евентуалните обиди со недозволени постапки да добијат поповолна оцена од објективно утврдената.
Наставниците ќе се придржуваат
– Да бидат непристрасни, објективни, позитивни, отворени и подготвени да им дадат подршка и помош на учениците во процесот на оценувањето.
– Со своето однесување во процесот на оцнувањето да промовираат високи морални вредности и да бидат пример за учениците.
– Да ја избегнуваат секоја ситуација што може да претставува конфликт на интереси, непристрасно и непринципиелно однесување во процесот на оценување.
– Да одбијат секаков вид на интервенција или поткуп понуден со цел да дадат оценка различна од заслужената.
– Да се спротивстават на неетичко однесување на други субјекти во оценувањето: ученици, родители, колеги.
– Во процесот на оценувањето да ја почитуваат личноста на ученикот и на неговите родители.
– Да водат грижа за приватноста на ученикот и сознанијата за неговото учење да не ги споделуваат со лица кои не се дел од процесот на наставата.
– Да соработуваат со колегите со цел да се подобри оценувањето. При оценувањето да не прават дискриминација на учениците по која било основа – национална, верска, полова, расна и социјална.
– Наставниците се обврзуваат да ги применуваат стандардите за оценување, согласно законските одредби за деветгодишно основно образование
Видови педагошки мерки
Пофалби и награди
Со пофалбите и наградите се стимулира развојот на позитивните особини кај учениците, се јакне самодовербата во сопствените можности и се дава признание за постигнатите успеси во воспитно-образовната дејност.
Пофалби и награди се доделуваат на ученик, група ученици, ученичка секција, екипа и паралелка во текот и на крајот на учебната година.
Писмените пофалби се даваат во вид на дипломи, пофалници и признанија.
Укори и казни
– Педагошките мерки во основното училиште се применуваат за учениците кои не ги почитуваат правилата на однесување на училиштето, а со цел да се постигне чувство на одговорност и спречување на негативни појави.
– Педагошките мерки се применуваат индивидуално и се темелат на објективност, праведност и педагошка и педагошка одговорност.
– Пред изрекување на педагошката мерка следи разговор со ученикот и родителот/старателот.
– Разговорот може да го води раководителот на паралеката, одделенскиот наставник, предметниот наставник, стручните соработници, а по потреба и Директорот.
Педагошки мерки
1. Укор (неодобрување на постапката)
2. Усна опомена
3. Писмена опомена
4. Намалување на поведението
5. Преместување на ученикот во друга паралелка
6. Преместување на ученикот во друго училиште
Соработка меѓу родителите и училиштето
Со цел да бидете редовно информирани за напредокот на Вашите деца, во текот на годината Ви ги предлагаме следните форми на соработка:
Родителски средби на ниво на паралелка
Овие средби се планираат од страна на одделенскиот раководител. Вообичаено е да се одржуваат четири средби во текот на годината и тоа во: септември, ноември, март и јуни. По потреба одделенскиот раководител може да закаже вонредни средби за решавање на некои заеднички проблеми.
Индивидуални средби со одделенскиот раководител
Овие средби се остваруваат на приемни денови определени од одделенскиот раководител.
Индивидуални средби со предметните наставници
Средбите на родителите со предметните наставници се остваруваат во термините кои ги имаат определено наставниците и се истакнати на влезот во училиштето. Во училиштето се организираат средби со сите наставници и тоа „Отворен ден“ – еден ден во месецот кој однапред го одредува училиштето.
Средби со стручните соработници на училиштето
Оваа соработка се остварува со родителите и учениците во текот на сите работни денови на училиштето. Стручните соработници во конкретни случаи одредуваат термини за средба со родителите во договор со раководителот на паралелката и навремено информирање на родителот.
Средби со Директорот на училиштето
Родителите кои имаат потреба од контакти со Директорот на училиштето истите можат да ги остварат во последниот вторник од тековниот месец. Секако не се исклучуваат и секојдневните контакти по одредена проблематика по претходно најавување.