logo

Детски Рацинови средби

Наградените ученици од ООУ„Славчо Стојменски“ присуствуваа на вчерашното свечено отворање на 52. Детски Рацинови средби
Завршија Детски Рацинови средби во Велес, кои се одржаа по 52. Пат. Убавиот пишан збор и ликовната уметност беа причината вчера во Велес на едно место да се соберат младите поети и ликовни уметници од повеќе градови од државата.
Детските Рацинови средби покрај другарувањето и негувањето на творештвото на Коста Солев Рацин имаат и натпреварувачки карактер. За време на вчерашното свечено отворање во Градската библиотека „Гоце Делчев” во Велес на вљубениците и почитувачите на рациновиот лик и дело им беа доделени наградите од литературниот и ликовниот конкурс „Белите мугри во светлината на денот” што ги распиша Организацискиот одбор на Детските Рацинови средби.
Нашите ученици Томислав Алексов VI-2 и Надја Спасова од VIII-1 под менторство на наставниците Миланка Стојанова и Роза Цекова беа пофалени и беа дел од свечената манифестација на која пред присутните ги прочитаа своите творби.

Категории Новости