logo

Дводневна екскурзија со учениците од шесто одд. 2018-2019!

На 7 и 8 мај учениците од 6 одд. заедно со одделенските раководители Стојче Петровски , Јадранка Груевска ,Златко Ампов и Васка Митева ја реализираа дводневната екскурзија предвидена со Наставната програма за 6 одд. Екскурзијата започна со посета на спомен куќата на поетот Кочо Рацин во Велес каде се запознаа со неговиот живот и дело , потоа продолживме кон археолошкиот локалитет ” Стоби ” во непосредна близина на Велес . Во првата во Македонија” Вила Марија ” лоцирана во еден прекрасен живописен предел опкружен со лозје во близина на Демир Капија научија за производството на вино и за неговиот начин на чување . Во ТЕЦ Неготино се запознаа со производството на електрична енергија , целиот тој процес да се види одблизу беше нешто ново за нив .
Дојранското езеро , мирисот на природното тектонско езеро со длабочина од 11 метри и сончевото време беа вистински потсетник дека наближува летото , кога овие плажи ќе се исполнат со туристи од земјата и странство .
Пред зајдисонце пристигнавме во Струмица , и се сместивме во Хотел ” Тивериопол ” според кажувањето -старото име на градот .
Вториот ден имаа можност да уживаат во убавините на градот Струмица , пространиот плоштад и средениот градски парк со мало езерце во непосредна близина на плоштадот .
Од Струмица продолживме со посета на 2 прекрасни водопади -Смоларскиот и Колешинскиот – уживавме и се потсетивме колку прекрасни убавини има во природата , и колку е важно повеќе време да се поминува во природа , за релаксација , за учење , за истражување ..

Категории Новости