logo

Промоција на велосипедизмот

ДРАГИ РОДИТЕЛИ И УЧЕНИЦИ!!!

Нашето училиште стана дел од проектот Вело училишта кој се имплементира на територијата на Македонија. Целта на овој проект е промоција на велосипедизмот како безбеден, здрав и алтернативен начин на превоз за учениците во Македонија. Во текот на целата учебна година ќе се организираат разни работилници, предавања и други активности за учениците, наставниците и претставници од локалната самоуправа заради зголемување на свеста за значењето на развојот на велосипедизмот како одржлив транспорт.
Во рамките на овој проект на ден 16.9.2019 (понеделник) од 12:00-14:00 ќе се одржи настанот Вело родео со цел развивање на вештини и способности за безбедно возење на велосипед. Овој настан се одржува по повод Европската недела на мобилност, а учество ќе земат учениците од 4-9 одделение.

Категории Новости