logo

Предавање за алкохолот!

Воспитувањето на децата и создавањето услови тие да пораснат во здрави и среќни индивидуи е голем предизвик како за родителите така и за вработените во училиштата.
Така е во секој сегмент од детскиот развој но, во денешно време кога се соочуваме со вистинска епидемија од употреба и злоупотреба на алкохол и други штетни супстанци, немоќта на возрасните да се справат со предизвикот е голема.
Можеби родителите ја имаат главната одговорност за воспитанието на своите деца, но во превенцијата од злоупотреба на алкохол активно се вклучува и училиштето преку едукацијата, со нагласок на воспитната улога на училиштето во развојот на децата . На 14. 05.2019г. организирано е предавање за алкохолот и алкохолизмот, за учениците од VIII одд. од страна на стручни соработници во училиштето.

Категории Новости