logo

Лична карта

ОУ „СЛАВЧО СТОЈМЕНСКИ“ – ВИНИЦА

 

Основно училиште Славчо Стојменски
Адреса  Бел Камен бр. 7
телефон/факс 033 361 914
место Виница
e-mail slavco.stojmenski@t-home.mk
Држава Република Македонија
web http://ouss.edu.mk
Патронен празник 21-22 Мај
Година на верификација 1985
Верификација – број на актот 1001-1145
Директор Горан Иванов
Дејност на училиштето Дејноста на ОУ „Славчо Стојменски“ е:

Воспитно образовен процес во основното образование

Краток историјат Училишната зграда во Виница е изградена1928 година и во неколку наврати е реновирана и доградувана. Во 1953-55 година е дограден втор спрат; 1976 година доградени нови 8 училници;Во 1990 година се дали на две основни училишта; 1996 е заменет кровот; 1997 е заменета електрична инсталација; 2001 година поставено парно греење; 2002 заменета надворешна столарија со алумински прозори и врати; 2005 изградени нови санитарни јазли; во 2008 година обновена е фасадата и реновирани се подовите во училниците; во 2010 е заменет училишниот мебел; 2011 замнети внатрешни врати со алуминиумски, уредени двата влеза, адаптирана е библиотека. Училиштето има 17 училници,  една наставничка канцаларија 48м2 и 4 (четири) канцеларии за административен и една за технички персонал. Училиштето располага со училишна кујна и трапезарија 100 м2 и училишна библиотека 16м2.

Училишната зграда во с. Градец е комплетно реновирана во 1999 година со 9 училници со едносменско работење на подрачното улилиште; До училишната зграда е припоена повеќенаменска сала која е реновирана во 2013 година. Има централно греење на тврдо гориво. Училишната зграда во с. Лески  е изградена 1991 година има  5 училници, наставничка канцаларија, трапезарија и внатрешни санитарни јазли.

Органи и тела Училишен одбор, Совет на родители,  Наставнички совет, Наставнички активи, Работна група за организирање на прослави
Наставен јазик Македонски јазик
Број на вработени 67
Улилиште од развиен тип Едно централно училиште  со организирана настава од I-IX одделение едно подрачно училиште до I-IX  одделение во с. Градец и едно подрачно училиште до V одделение во с. Лески
Број на ученици во учебната 2010/2011 година 585 со различен национален состав

–       Македонци                       432   –   73,85%

–       Роми                                 136   –   23,25%

–       Турци                                  15   –     2,56%

–       Други                                    2    –     0,34%

Организираност на наставата Наставата е организирана во Две смени

Прва      од 7-13 часот

Втора   од 13- 19 часот

Редовна настава Наставата се организира по план и програма од МОН и БРО
Други видови на настава Дополнителна,

Додатна

Слободни ученички активности

Видови на секции Драмска секција, Литературна-рецитаторска, Историска секција,

Млади географичари, Млади математичари, Млади  физичари, Еколошко-биолошка, Хемиска секција, Љубители на странските јазици, Сообраќајно-техничка, Ликовна секција, Спортски секции-клубови, Музичка секција, хор, оркестар

Реализирани проекти во последните три години USAID – PEP – Проект за основно образовавание и сме вклучени во

сите компоненти, Инклузија на деца со посебни потреби, Европска команда на Американската војска – реконструкција на училиште и спортски терени,

Асистивна технологија на деца со посебни потреби- Еднаков пристап за

еднакви можности, Роми Ментори Проект, Со читање до лидерство-УСАИД,

Нансен модел на интегрирано образование, ПМИО – Проект за меѓуетничка

Интеграција во образовниот систем. Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ , детски права и резилиентен пристап во работата со деца – ПДАС – Меѓаши и др.